Еден од кандидатите за освојување на шампионската титула во француската Лига 1, тимот на Монако синоќа го доживеа првиот пораз во шампионатот. На гостувањето кај Лил загуби со 2:0.
За домаќинот оваа беше вкупно осма победа и се проби на второто место на табелата пред Монако, а зад шампионот ПСЖ.
Монако го доживеа и четвртиот пора на гостувањата кај Лил.
Двата гола на натпреварот ги постигна Нолан Ру во 27. и во 71.минута.
Јунак на натпреварот беше голманот на Лил, Винсент Ениејама, кој одбрани десетина удари кон неговиот гол.
На другите натпревари од 12.коло беа постигнати следниве резултати: Монпеље – Нант 1:1, Ница – Бордо 1:2, Ајачио – Валенсиен 1:3, Евиан – Тулуз 2:1, Олимпик Лион – Генгамп 2:0, Ремс – Бастија 4:2, Сошо – Сент Етиен 0:0, Рен – Олимпик Марсеј 1:1 и ПСЖ – Лориен 4:0.
Табела: ПСЖ 28 бодови, Лил 26, Монако 25, Нант 20, Олимпик Марсеј 18, Ремс 18, Сент Етиен 18,


