Прва гостинска победа за Атланта и Антиќ

Кошаркарите на Атланта ја постигнаа првата победа на гостински терен или вкупно втора во новата НБА сезона. Тие ноќеска славеа кај Сакраменто со 105:100 – по четвртини 25:32; 29:13; 28:20 и 35:23.

Перо Антиќ на теренот мина 15 минути и постигна 5 поени. Шут од игра имаше 2 од 4, додека за три поени 1 од 3, оствари 1 офанзивен скок и 1 блокада.

До триумфот Атланта стигна благодарение на добиените втора и трета четвртина, кога создадоа позитива од + 24 поени.

Тројца соиграчи на Антиќ имаа „дабл-дабл“ ефект: Ал Хорфорд – 27 поени и 10 скокови; Џеф Тиго 18 поени и 10 асистенции и Пол Милсап 25 поени и 11 скокови.

Ајзеа Томас кај Сакраменто со 26 поени беше најефикасен.

Следниот натпревар Атланта го игра утревечер на гости кај Денвер.

На другите дуели беа постигнати следните резултати: Торонто – Мајами 95:104, Бруклин – Јута 104:88, Детроит – Индијана 91:99, Њујорк – Шарлот 97:102, Њу Орлеанс – Феникс 98:104, Далас – ЛА Лејкерс 123:104, Денвер – Сан Антонио 94:102 и Портланд – Хјустон 101:116.

Вечерва на програмата се десет натпревари: Шарлот – Торонто, Индијана – Чикаго, Орландо – ЛА Клиперс, Филаделфија – Вашингтон, Бостон – Јута, Мемфис – Њу Орлеанс, Милвоки – Кливленд, Минесота – Голден Стејт, Сан Антонио – Феникс и Оклахома Сити – Далас.

Најчитани вести