Првата вакцина за Ковид во Македонија ја прими највозрасната докторка на Инфективна, доктор Добринка Наунова-Јовановска

Првата вакцина за Ковид во Македонија ја прими највозрасната докторка на Инфективна, доктор Добринка Наунова-Јовановска

Со зборовите „со среќа“ присутните си го честитаа почетокот на имунизацијата што треба да ѝ стави крај и на пандемијата.

Доктор Добринка за 21 ден ќе дојде повторно да прими и втора доза, а по две до три недели оттогаш – нејзиниот организам ќе развие антитела на вирусот.

– Јас ја примив вакцината, се чувствувам одлично. Самото аплицирање на вакцината е безболно и можам да препорачам секој од нас кој е во оваа држава да прими вакцина, по сопствен избор нормално, кој сака „Фајзер“, кој сака некој друг тип вакцина. Тоа е единствен начин да се заштитиме од овој тип на инфекција што се случува последнава година, со која цел свет се бори, па и ние. Втората доза се прима на 21-виот ден, и тоа е закажан термин кога треба да ја примам втората доза. Имунитетот се стекнува веќе за две до три недели, се постигнуваат заштитни антитела. Тоа е индивидуално, би требало да се постигне тој имунитет. Ќе се чувствувам посигурна, во однос на тоа ако случајно дојдам во контакт со некој кој е инфициран, мислам дека многу полесно ќе се справам со таа инфекција, рече инфектологот Наунова Јовановска.

За мене, посочи таа, ќе биде една голема сигурност тоа што сум примила вакцина и веројатно ќе бидам заштитена многу повеќе од оние што не примиле вакцина.

– Индивидуално е кој колку ќе развие антитела, и со каков тип на имунитет ќе одговори, меѓутоа воглавно 95 отсто е заштитната моќ на оваа вакцина и јас се надевам дека ќе бидам во тие 95 отсто заштитени, и тоа е она што дава некоја сигурност за понатаму, додаде д-р Наунова Јовановска.

Главната сестра на Инфективна, Габриела Темелковска, беше втората којашто денес ја прими вакцината на „Фајзер“.

– Ги поканувам сите да се пријават да се вакцинираат. Секако дека се чувствуваме посигурни, со вакцинацијата ќе се намали и бројот на новозаболени и ќе почнеме да се враќаме во нормален живот, рече Темелковска.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести