Први фотографии од урнатата зграда во Рим: Повреден турист од Шкотска

Утрово околу 9 часот дошло до експлозија во Монтеверде, во Рим, при што се урнала зграда.

Како што јавија италијанските медиуми, причина за експлозијата е истекување на гас. Соседните згради се евакуирани како мерка на претпазливост.

Зградата која се урнала имала два стана, од кои едниот се користел како „место за одмор“, односно немала постојани жители. Во колапсот е повреден еден шкотски државјанин,кој има изгореници на над 70 отсто од телото.

„Од безбедносни причини ќе ги евакуираме околните објекти кои би можеле да бидат загрозени од овој настан. Ова ќе биде подетално истражено“, изјави градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери.

„Сите сугерираат дека причината е истекување на гас, или можеби боца која експлодирала. Направена е значителна штета. Има повреден, пренесен е во болница, не знаеме каква е состојбата, но има сериозни изгореници. Тоа не натера да помислиме дека се работи за плин“, додаде градоначалникот и им се заблагодари на пожарникарите за брзата реакција.

Тој потврди дека под урнатините нема повеќе луѓе.

Турист од Шкотска, кој бил извлечен од урнатините, престојувал на ноќевање со појадок во зградата. Инаку, тој е првиот корисник на ова сместување и утре требало да се врати дома, а пансионот бил отворен пред еден месец, објави српски Телеграф.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести