Први информации за разговорот меѓу Путин и Трамп! Разговорот траел подолго од 2 часа

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, го завршија телефонскиот разговор кој започна во 15 часот по средноевропско време, соопшти Белата куќа.

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп заврши по два и пол часа, соопшти Белата куќа, што го потврди и портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Претходно беше соопштено дека разговорот оди во добра насока.

„Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп започнал во 17 часот по московско време. Разговорот се одвива добро“, објави Ден Скавино, помошник на американскиот претседател, на X.

Кирила Дмитриев, специјален пратеник на Владимир Путин за меѓународна економска и инвестициска соработка, рече дека „под водство на претседателот Путин и претседателот Трамп, светот денес стана многу побезбедно место“.

Исто така, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно најави дека разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се одржи денеска од 16 до 18 часот по московско време.

Се очекува и обраќање на Трамп пред медиумите, објави Информер.рс.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести