Македонскиот триатлон доживеа голем успех на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија, што викендов се одржа во Изворани, Романија.
Петнаесетгодишниот Јосиф Малински освои прво место во балканска конкуренција и второ во апсолутна, а една година помладиот Марио Брезовски беше втор во балканска конкуренција и трет во апсолутна.
И двајцата се членови на скопскиот ТК „Триоги рејсинг“.
МИА


