Во седиштето на УЕФА во Нион денеска беа одредени четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите. Европскиот првак Баерн за противник го доби англискиот шампион Манчестер Јунајтед, додека во четвртфиналето ќе има и шпанска пресметка Барселона против Атлетико Мадрид.
Реал Мадрид доби шанса за реванш против Борусија Дортмунд, по ланската елиминација во полуфиналето, додека последната двојка е дуелот на ПСЖ и Челзи.
Натпреварите Барселона – Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед – Баерн се играат на 1 и на 9 април, а дуелите Реал Мадрид – Борусија Дортмунд и ПСЖ – Челзи а 2 и на 8 април.
]]>


