ПСЖ речиси во четвртфиналето, Баерн вечерва гостува во Лондон

Две гостински екипи во првите осминафинални дуели од фудбалската Лига на шампиони одиграни синоќа во Леверкузен и во Манчестер, а уште два дуела ќе се играат вечерва во Лондон и во Милано.

Убедлива предност од 4:0 обезбеди францускиот претставник Пари-Сен Жермен на гостувањето во Германија кај Баер Леверкузен. Головите за „светсците“ од Париз ги постигнаа Блејс Матуиди (3.минута), Златан Ибрахимовиќ (39 од пенал и 42.минута) и Јохан Кабаје (88).

Без примен гол со два позитива реваншот против Манчестер Сити ќе го дочека Барселона која на „Етихад“ славеше со головите на Лионел Меси (54.минута од пенал) и Дани Алвеш (90.минута).

Вечерва европскиот првак Баерн Минхен гостува во Лондон кај Арсенал, додека Милан е домаќин на Атлетико Мадрид.

Другите четири натпревари од осминафиналето во ЛШ се играат на 25 и 26 февруари.

]]>

Најчитани вести