ПУКАЊЕ ВО ЃОРЧЕ: Повредено едно лице

Обид за грабеж на банка во скопската населба Ѓорче Петров се случил денеска, потврдуваат од МВР.

Маскиран разбојник со оружје влегол во експозитура на Стопанска банка, а по разбојништвотвото се обидел да избега.

Алфите почнале потера по него и го пресретнале кај мостот Влајко.  Според првичните информации, разбојникот е повреден и е во болница.

Првично, разбојникот почнал да пука кон Алфите, кои возвратиле на огнот. Тој го запрел возилото и со итна помош е пренесен во болница.

Дополнително ќе се утврдува за какви повреди се работи. Увид е во тек, пиштолот на разбојникот е обезбеден.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести