Пукање во Македонска Каменица, двајца ранети

Откако две лица беа повредени околу 12:30 часот во пукотница во селото Луковица кај Македонска каменица, полицијата го приведе осомничениот напаѓач.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 46-годишниот В.М. со ловна пушка пукал во 39-годишниот В.М. и 19-годишнта девојка А.К., сите од истото село.

Двајцата повредени веднаш биле пренесени во Медицински центар Кочани,  од каде поради сериозноста на повредите биле препратени во Клинички центар Скопје.

По пријава на случајот, полициски екипи од пронашле и привеле напаѓачот, а се превземаат и мерки за целосно расчитување на случајот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести