Пукање во Ѓорче Петров, ранет полицаец пренесен во болница

Околу 16:40 часот пријавено е дека во Скопје, на кружниот тек во н. Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило „мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р, дознава КУРИР од МВР.

Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош.

Веднаш по пукањето лицето кое пукало избегало, сведочи изворот на „Курир“.

На лице место се уште се присутни припадници на полициските служби, а мотивот за пукањето и дали полицаецот во кого е пукано бил на должност не е познато.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести