Пукотници во Гевгелија: Момчиња и девојка ограбиле Сиријци

Вистинска драма се одвивала утринава околу четири часот во близина на местото „Виолета Парк“ во Гевгелија, јави Прес 24.

Според податоците, две момчиња и една девојка чиј идентитет засега е непознат, во возило марка „рено меган“, вооружени со пиштоли, им се заканиле на двајца Сиријци и им одзеле мобилни телефони, пари и две потврди за барање за азил.

Насилниците испукале и два куршуми во воздух за да ги заплашат мигрантите.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести