Работнички исфрлен од лигата

Работнички e исфрлен од суперлигата одлучи Комисијата за натпреварување.

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички, во изминатата сабота одби повторно да го игра натпреварот против Карпош Соколи, по што мечот беше регистриран со службен резултат во корист на „соколи“. Претходно Работнички службено загуби и од МЗТ.

И Куманово не излезе на терен против Карпош Соколи и против Кожув, но кумановци уште се со суперлигашки статус со оглед на фактот што тече жалбената процедура поврзана со нивниот прв ваков потег, неизлегување на паркетот на дуелот со Соколи.

Поради новонастанатата ситуација, комисијата за натпреварување го одложи 3. коло, кое требаше да се одигра во среда.

Најчитани вести