Првиот натпревар од 25.коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра денеска од 15 часот, кога на арената „Филип Втори’’ на теренот ќе истрчаат фудбалерите на Работнички – Македонија Ѓ.П.
Во истиот термин (15 часот) ќе започнат и натпреварите кои ќе се играат утре (недела): Еуромилк – Брегалница, Хоризонт Турново – Шкендија, Вардар – Напредок, Пелистер –Гостивар и Металург – Ренова.
Табела: Пелистер 44 бодови, Хоризонт Турново 41, Работнички 41, Металург 40, Вардар 39, Шкендија 33, Ренова 32, Брегалница 32, Еуромилк 31, Македонија Ѓ.П. 23, Напредок 14 и Гостивар 14.
]]>


