Како што многумина колумнисти, автори за бизнис книги, како и високи менаџери, често би спомнале, младите се едноставно ужасни работници. Тие бараат премногу, прават премалку, не почитуваат хиерархии, не сакаат да ги платат своите давачки, велат „како“ премногу, имаат тетоважи на нивните раце, секогаш гледаат во нивните мобилни телефони, даваат отказ од работа наместо да се чувствуваат мизерно ама да ја задржат работата. Снегулки!
Со овој збор беше опишана и една моја пријателка од страна на нејзиниот вујко, тогаш кога таа одлучи да даде отказ по неколку недели на работа, бидејќи нејзиниот шеф беше ужасен и ја малтретираше. Исто така, најголем дел од времето, тој беше пијан. Зошто напуштањето на ваква работа предизвика една таква навреда, сугерирајќи дека таа треба да биде поиздржлива во таква страшна ситуација? Во неговиот ум, таа е премногу чувствителна и смета дека заслужува повеќе од другите.
Но, не е вистина дека младите работат помалку напорно од постарите. Дури и да е – зошто да не се стремиме кон иднина со помалку работа?
Минатата година, во наслов на Њујорк Тајмс пишуваше дека „37-годишници се исплашени од 23-годишниците кои работат за нив“. Тоа асоцираше на поделба меѓу анксиозни, совесни милениумци, кои стапнале на работното поле во сенка на несреќната 2008 година, како и нивните колеги од генерацијата Зет, кои се чувствуваат удобно „да делегираат на својот шеф“.
Харвард Бизнис Ривју има напишано нешто слично за „работно мачеништво“ на милениумци, цитирајќи американски студии според кои младите чувствуваат повеќе срам кога е во прашање земање одмор за празници и имаат поголема веројатност да ги загубат неискористените денови за одмор. Авторот Малколм Харис ги опишува милениумците како не многу големи бунтовници и „сервилни, анксиозни и исплашени“.
Во несигурна економија обележана со историска нееднаквост, важноста од добивање и одржување на добра работа е поакутна од кога било. И за оние кои влегоа на пазарот на труд, по двојниот удар на рецесијата и пронаоѓањето на ајфонот, никогаш не сме навистина во можност да не бидеме на работа.
Како и да е, младите лица се критикувани за нивните обиди да постават граници на работното место. Во објавениот текст во Њујорк Тајмс за работниците од генерацијата Зет, една млада жена ги шокирала своите шефови кога прашала дали може да си замине од работа, откако ги завршила обврските за тој ден, наместо да остане во име на традицијата од девет до пет часот. Можеби не е лоша нејзината идеја..
За оние милион лица кои ги напуштија работните места во „големата оставка“, пандемијата и тесниот пазар на труд направија некогаш радикалните предлози – како што е да не се задржува мизерна работа – да се чинат повозможни. Зошто да трпиш навреди, дискриминација и мала плата, кога си во можност да најдеш друга работа?
Иако пандемијата отвори такви можности, ги откри и екстримните поделби меѓу оние работници кои може да работат од дома и вторите, кои мора да се појават на работното место и да го ризикуваат животот. Тоа покажа колку многу бизниси беа подготвени да ги стават своите вработени на ризик во име на профитот, како и колку многу привилегирани луѓе не сакаа да ги жртвуваат удобностите за безбедноста на друго лице.
На двата краја од оваа поделена економија кога е работата во прашање, гледаме ново засилено работничко движење – дури и во генерално непријателски настроените кон синдикати, САД – а младите ја имаат централната улога.
Анкета спроведена во 2018 година од страна на Пју Ресрч покажа дека Американците под 30 години се единствената група, во која поголем дел имаат поволен став за работничките синдикати, отколку да го чувствуваат истото за корпорациите. Јунајтед ауто воркерс напиша во 2019 година за моментумот на синдикализација на неочекувани места – непрофитни организации, кафулиња, облека на дигитални медиуми. Во меѓувреме, работници на исцрпувачки работни места како Амазон, исто така гледаат да формираат синдикати за првпат.
Меѓутоа, каде и да ги најдете, работниците кои бараат подобри услови се наоѓаат со оние со слични гледишта. Ним им се дава одговор дека бараат многу, дека треба да се благодарни, дека компанијата е како семејство и за нив е подобро да нема синдикат, ако има, само ќе ги раздели компанијата и вработените.
Ова е тоа што мене ми беше кажано кога бев во претходниот дигитален медиум, штом ние се обидовме (и не успеавме) да стекнеме синдикално признание. Токму ова им е кажано и на работници во складиштето на Амазон, кога се обидоа да формираат синдикат во Алабама.
Според моето искуство, ги видов начините на кои проблеми на работа може да се закачат на недостигот на карактер, цврстина и работна етика на вработените, наместо на структурните грешки на компанијата.
Ние кажавме дека сме загрижени за разликите во платите по полова и расна линија, недостигот на транспарентност во покачувањата и напредувањата и недостигот од поддршка за менталното здравје. Како одговор, ни беа дадени претплати на апликација за да го средиме нашето ментално здравје, но се очекуваше тоа да го правиме во текот на нашето слободно време.
Ако раководството може успешно да ги отфрли барањата на вработените како оние на разгалените, нарцисоидни млади луѓе – снегулки – тогаш тие може да се спасат од неволјата и трошоците за создавање фер работно место. Но, проблемот на модерната работа не е што на младите им недостасува карактер. Нивното единствено злосторство е ненаклонетоста на тоа да се направат себеси мизерни во име на тоа да се направат богатите побогати. Дали е тоа толку неразумно?
МИА
]]>


