Радванска избори полуфинале во Индијан Велс

Полската тенисерка Агњешка Радванска успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот од серијата Матсерс 1000 што се игра во Индијан Велс (САД) откако во четвртфиналето ноќеска ја совлада српската тенисерка Јелена Јанковиќ со 2:1 во сетови (7:5; 2:6 и 6:4).

Нејзина противничка во полуфиналето ќе и биде Симона Халеп(Романија), која со 2:0 славеше над Кејси Делаква од Австралија.

Другите два четвртфинални меча се играат вечерва, а двојките се:

На Ли (Кина) – Доминика Чибулкова и Флавија Пенета (Италија) – Слоун Стивенс (САД).

]]>

Најчитани вести