Раиконен казнет, ќе стартува последен на денешната трка во Ф1

Возачот на Лотус, Кими Раиконен ќе стартува од последното место на денешната трка од шампионатот во Формула 1 што ќе се вози за Големата награда на Абу Даби. Казната за Раиконен доаѓа по прегледот на неговиот болид од страна на ФИА која установи неправилност на неговиот под.

Од таборот на Лотус се правдаа дека подот на болидот на Кими бил свиткан како резултат на поминување над еден раб на патеката за време на квалификациската сесија, но судиите не го прифатија таквото објаснување.

Почетокот на главната трка е закажан за 14 часот, а од првиот ред ќе стартуваат Марк Вебер и Себастијан Фетел, а веднаш зад нив од третото и четвртото стартно место ќе тргнат Нико Розберг и Луис Хамилтон.

Најчитани вести