Ракометарките гостуваат кај Русија во квалификациите за Европското првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево ги стартува квалификациите за Европското првенство што во декември ќе се одржи во Унгарија и во Хрватска. Прв противник на Македонија е селекцијата на Русија.

Натпреварот против поранешниот светски првак подмладената репрезентација ќе го игра во Ростов. Ова е дуел од групата 7, а по една победа веќе имаат Германија и Русија.

По откажувањето на неколку ракометарки селекторот Ристо Магдинчев во изминатиов период постојано имаше собири со избраничките, како и учества на меѓународни натпревари.

Почетокот на натпреварот е во 16 часот по македонско време.

Покрај овој дуел денеска ќе се одиграат уште шест натпревари од другите групи:

Финска – Словачка, Исланд – Франција (група 2), Чешка – Црна Гора, Португалија – Полска (група 3), Холандија – Шпанија (група 4) и Норвешка – Белорусија (група 6).

Утре се играат уште четири натпревари:

Литванија – Австрија (група 1), Италија – Турција (група 4), Србија – Шведска и Швајцарија – Словенија (група 5).

]]>

Најчитани вести