Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево против Русија ќе го одигра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство што во декември годинава ќе се одржи во Унгарија и во Хрватска.
Избраничките на селекторот Ристо Магдинчев ќе се обидат да го поправат впечатокот по првиот дуел одигран пред три дена во Ростов, каде беа убедливо поразени со 13 голови разлика (36:23).
Почетокот на натпреварот, кој ќе се игра во СРЦ „Кале’’ е во 17:45 часот. Ова е натпревар од седмата квалификациска група во кој е и репрезентацијата на Германија против која нашите ракометарки во јуни ќе играат дво-меч.
На табелата води Русија со 4 бодови по три одиграни натпревари, Германија освои 2 (2 натпревари), а Македонија се уште е без освоен бод.
]]>


