– Видовме на вести што се случува и како луѓе, бевме згрозени. Размислувавме што можеме да направиме за да собереме пари и да ги донираме во добротворни цели. Па, можеме да дизајнираме тартан, изјави Патрик Лутас – директор на „Грејт Скот“.
Тартан е шкотска национална ткаенина, платно особено употребувано кај килтите, народна шкотска облека. Дизајнот којшто бил забранет во 18 век, подоцна станал популарен и како политичко и како модно изразување во Шкотска, но и на други места во светот.
И Министерството за надворешни работи на Украина на својот Твитер профил ја пофали иницијативата за новиот тартан. Повеќе од 3,2 километри ткаенина веќе се продадени, а побарувачката е најголема во САД, како и меѓу украинските иселеници. Секоја продажба оди во помош за Британскиот комитет за помош на Украина, според наводите.
МИА
]]>


