Првакот на Мароко Ража Казабланка успеа да се пласира во финалето на клупското Светско првенство што се одржува во нивната земја.
Синоќа во второто полуфинале на стадионот во Маракеш, Ража Казабланка го совлада шампионот на Јужна Америка Атлетико Минеиро со 3:1, што претставува големо изненадување. Во финалето на 21.декември Казабланка ќе игра против европскиот шампион Баерн Минхен.
Головите за Ража Казабланка ги постигнаа: Мусине Иажур (51.минута), Мосине Мутауали (84 -пенал) и Вивен Мабиде (90+4), додека за Атлетико Минеиро стрелец беше Роналдињо (63).
Во натпреварот за 5.место Монтереј (првак на Северна и Средна Америка) го победи Ал Ахли (шампион на Африка) со 5:1.
Во сабота пред финалето ќе се одигра дуелот за 3.место меѓу Гуангжу (шампион на Азија) и Атлетико Минеиро.


