Една од најголемите научни догми е дека сложениот облик на животот на Земјата може да се развива само кога нивото на кислородот во атмосферата пораснал блиску до денешното ниво.
Меѓутоа, сега истражувањата на малите морски сунѓери, фатени во дански фјорд покажуваат дека на сложениот облик на живот не е потребно високо ниво на кислород за да живеат и растат.
Потеклото на животот е една од најголемите научни мистерии. Како првите мали примитивни клетки еволуирале во разни наредни облици на живот какви што постојат денес на Земјата?
Објаснувањето во сите учебници гласи: Кислородот. Сложените животни форми се развиле поради зголеменото ниво на кислород во атмосферата од пред околу 630 и 635 милиони години.
Меѓутоа, новите истражувања на обични морски сунѓери од фјордот Кереминде во Данска, покажуваат дека ова објаснување мора да оди на доработка. Истражувањето на сунѓерите покажува дека животните можат да живеат и да растат кога атмосферата содржи само 0,5 отсто од нивото на кислородот кој денес е присутен.
– Нашите истражувања укажуваат дека појавата на животните не била спречена со пониското ниво на кислородот – рече Данијел Милс од Нордискиот центар за земската еволуција при Универзитетот во Јужна Данска. Пред околу половина милијарда години, првиот облик на сложен живот – животните – настанале на Земјата. Милијарди години пред тоа, животот се состоел единствено како едноклеточни организми.
Појавата на животните се совпаѓа со големиот пораст на кислородот во атмосферата и поради тоа делува како очигледна врска меѓу два настани. Се заклучува дека зголеменото ниво на кислородот довело до еволуција на животните.
– Но, никој не тестирал колку кислород им е потребно на животните, барем никој за кој сум слушнал. Затоа се одлучивме тоа да го дознаеме – рече Данијел Милс.
Денешните животни кои најмногу потсетуваат на тие првите кои живееле на нашата планета се морските сунѓери. Видот Halichondria panicea живее само неколку метри од Истражувачкиот центар за морска биологија при Универзитетот во Јужна Данска во Кертеминдеу, каде Данијел фатил единка за своето истражување.
– Кога ги ставивме сунѓерите во нашата лабораторија, продолжија да дишат и да растат дури и кога нивото на кислородот достигна 0,5 отсто од денешното атмосферско ниво – рече Милс.
Тоа е од нивото на кислородот за кое се смета дека е потребно за животинскиот свет. Големо прашање сега е: Ако ниското ниво на кислородот не го спречувало развојот на животните, тогаш што го спречувало? Зошто животот се состоел само од примитивни едноклеточни организми бактерии и амеби со милијарди години пред ненадејно да експлодираат во сложени животни облици?
– Мора да постоел некој друг еколошки или еволутивен механизам во играта. Можеби животот останал микробиолошки толку долго поради тоа што му требало време да ја развие биолошката машинерија потребна за конструирање на животни. Можеби на древната Земја и фалеле животни поради сложеноста, т.е. затоа што повеќеклеточните организми едноставно тешко се развиваат – вели Милс.
]]>


