Експедициите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, попладнево, слетаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Утре од 20,45 часот на „Телеком арената“ е УЕФА Суперкупот каде што двата тима ќе ги одмерат силите.

„Црвените ѓаволи“ први слетаа во Скопје и со полициски придружба се упатија кон „ТЦЦ Плаза“ каде ќе бидат сместени. Околу хотелот не може „пиле да пролета“, бидејќи за нивната безбедност е ангажирано големо полициско обезбедување.

„Кралевите“, пак, слетаа 30 минути подоцна директно упатувајќи се кон „Александар Палас“.


