Во шпанската Примера деновиве се играат натпреварите од 30.коло по кое доаѓа до значајна промена на врвот на табелата. Реал Мадрид изгуби на гостувањето кај Севиља и по вториот пораз во низа му го препушта врвот на градскиот ривал Атлетико кој беше поуспешен од Гранада. Третиот кандидат за шампионската титула, Барселона беше убедлива против Селта.
Резултати на синоќешните натпревари од 30.коло во Шпанското фудбалско првенство:
Барселона – Селта 3:0 (Нејмар 6 и 67.минута, Меси 30), Атлетико Мадрид – Гранада 1:0 (Диего Коста 63.минута), Рајо Ваљекано – Осасуна 1:0 (Ларивеј 90.минута) и Севиља – Реал Мадрид 2:1 (Карлос Бака 19 и 72.минута – Кристијано Роналдо 14).
Натпревари играни во вторникот:
Малага – Еспањол 1:2 и Елче – Атлетик Билбао 0:0.
Вечерва играат:
Хетафе – Виљареал, Сосиедад – Ваљадолид, Леванте – Бетис и Алмерија – Валенсија.
Табела: Атлетико Мадрид 73 бодови, Барселона 72, Реал Мадрид 70, Атлетик Билбао 56, Севиља,.
]]>


