-Да се биде достоен припадник на исламот и да се пости месецот Рамазан со најголема посветеност, значи да се биде чист во намерите и целите, во душата и срцето, во животот со луѓето и светот околу тебе, непоколебливи во провокациите и предизвиците на животот за да ги надминете, близок со луѓето, праведен во секојдневниот живот, простување на пропустите од другите, како и вистински помошник на луѓето, пишува Фетаи.Според него, најголем предизвик денес е војната.
-Рамазан со неговите вредности, како и овој голем ден, нас не учи дека војната е туѓа за исламот, додека мирот е најскапоценото на човекот и неговата главна цел и дека целиот потенцијал на верникот треба да се стави во негување на мирот и благосостојба меѓу луѓето каде и да живеат и работат, бидејќи според исламот, да се спаси човечки живот е како да се спаси целото човештво, а да се убие човечки живот е како да се убие целото човештво, пишува Фетаи.
– Почитувани верници, браќа и сестри. Денес, на овој ден на радоста на Рамазан Бајрам, со чисти срца се обраќаме кон Семилосниот Алах да ни даде сила на верата, храброст за простување и помирување, да ни даде насмевка за со другите да ги отвориме патиштата на надежта, на иднината, решителноста во нашето патување и да негуваме уште посветла сегашност и иднина, ви дава радост и надеж во срцата на сиромашните, луѓето со физички и духови тешкотии, семејствата кои ги загубиле своите најблиски од пандемијата Ковид-19, за денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред се благодарни на Алах, наведува Фетаи во честитката.Фетаи од него и во име на Исламската верска заедница, нејзините органи, институции и верско-образовни институции изразува срдечни честитки и наведува „молејќи го Семоќниот Алах да ги прифати со Негова милост сите наши ибадети, нашиот пост и сите наши дела направени во месец Рамазан“.Дел од честитката на претседателот на ИВЗ се состои и од делови од Коранот.
МИА
]]>


