Рената Десковска: Непотизмот е за осуда, без дилема! Но пред да осудиме, треба да знаеме што осудуваме, со ладни глави…

, со ладни глави, без пристап дека покрај сувото гори и сировото. Се отвори деновиве дебата околу изборот на баџанакот на #ТалатЏафери за член на Државната комисија за спречување на корупција. 1. Најлесен пристап е да се приклучи кон толпата и да “осуди”. Непопуларно е да се “брани” во овој случај и таа непопуларност да си ја навлече човек на себе, ни крив ни должен. Јас најмалку имам причина да го”бранам” Талат или неговиот #баџанак кој не го ни познавам. Но, мислам дека треба да ги разгледаме фактите, токму заради оценка на кредибилноста на процесот на избор на ДКСК. Ме прашаа вчера новинари дали изборот е законит. Одговорив дека нема ништо незаконито тука. Законот не забранува избор на роднини или лица поврзани на било кој начин со функционери во ДКСК, туку утврдува критериуми кои лицата треба да ги исполнат за да бида избрани. Меѓу другите еден од критериумите беше и јавно интервју кое го оценуваа претставници на невладин сектор и други независни лица. Собранието немаше ни можност да ја менува предложената листа. Ако членовите на селекционата комисија не знаеле за поврзаноста на избраниот со Талат, тоа е дополнително признание за неговите квалитети. Погледнете ја наједноставната дефиниција за непотизам: “фаворизирање на роднини и пријатели при доделување на функции и почести без да се води сметка за стручноста.” Процесот на селекција, содржеше доволни гаранции за оценка на стручноста. 2. Вториот аспект кој јавноста мора да го знае: баџанакот на Талат нема да има никаква обврска според #закон да пријави поврзаност со Талат, бидејќи според закон, нивната врска не се третира како роднинска врска, ни по крв, ни по сватовство. И тоа не е само според македонското законодавство. Тоа е универзално правило. 3. #Моралните аспекти нема да ги дискутирам, бидејќи тоа се лични прашања, кои зависат од носителите на функциите, но не само од нив. И тоа ќе го објаснам преку личен пример: пред да се распише огласот за ДКСК дојде кај мене еден подалечен роднина, кој не ми е роднина по крв, туку по сватовство и ме праша за мислење дали да се пријави на огласот. Ги исполнуваше сите услови, а со неговиот личен и професионален кредибилитет и искуство, со образованието и резултатите од работата, уверена сум дека ќе беше меѓу најдобро рангираните, ако не и најдобро рангиран. Веројатно себично од моја страна, му реков: “Ти можеш да се пријавиш, тоа е твое право, но мене ќе ми направиш проблем.” Неговиот одгово беше: “Тогаш не се пријавувам.” Тој немаше обврска да не се пријави. Не ми должи ништо од тоа што го постигнал во животот, ниту имаше обврска да води сметка дали ќе ми наштети. Што ако воопшто не ми кажеше и се пријавеше?! 4. Деновиве во критиките за наводен непотизам го прочитав и моето име дека наводно сум го вработила мојот #зет во М-НАВ, што е чиста шпекулација. Тој е вработен таму преку 20 години, од мај 1997 година, три години пред да ми стане зет. Ги поминал сите обуки во странство и дома и никој не може да ја оспори неговата стручност и компетентност, бидејќи таа е верификувана не само во Македонија, туку и во странство. Во неговата професионална кариера се не само бројните обуки кои ги посетувал, но и бројните обуки кои тој ги спроведувал на млади контролори и неколку понуди од западно европски земји да премине на работа кај нив, кои тој ги одби обидувајќи се да помогне да се обучат нови, млади луѓе и да се вратат тие контролори кои заминале. 5. Неправедно се врти деновиве и името на Никола #Димитров заради добиена #стипендија на неговата ќерка, која ги исполни сите услови, без исклучок, за добивање стипендија. Таа не зазема ничие место. Напротив, останаа недоделени стипендии бидејќи многу малку кандидати ги исполнуваат строгите критериуми за упис на 100-те најдобро рангирани универзитети. И тука ќе споделам еден настан околу стипендиите: Упорно ми ѕвони телефонот додека бев во МОН. Ми се јавува еден од вработените и ми кажува дека се пријавило на истиот тој конкурс дете на истакната јавна личност од поранешната власт и ме прашува дали да му доделеле стипендија. Јас зачудена прашав: “А ги исполнува условите?” Ми одговори: “Да”. Тогаш го прашав: “А зошто ме прашувате тогаш?! Нормално дека секој кој исполнува услови, треба да добие стипендија.” Останав зачудена од разговорот. Кога ја прераскажував случката, некои луѓе ми велеа: ” Ти не си нормслна, на неговиот син ќе му даваш стипендија?!” Мојот одговор беше: “Ниедно дете нема да дискриминирам. Јас во тоа верувам дека е исправно и покрај тоа што очигледно порано не било така.” На крајот, детето на опозиционерот не го потпиша договорот за стипендија, бидејќи му утврдија дека е болен од најтешката болест, па наместо на студии замина на лечење во странство, но мене совеста ми е чиста. Јас не се огрешив кон него, ниту дозволив тоа да го направи некој друг во МОН. 6. И на крајот: вработувањата во #ЕЛЕМ#МЕПСО и други. Мојот став е дека треба да се испитаат сите поединечно. Секој случај, без исклучок. Да се испита кој од кандидатите бил неспоредливо подобар од другите, кој влегол на наместен конкурс, кој поседува посебна експертиза, а кој е просечен, без никаква посебна професионална предност и кон нив е оправдан гневот! ДКСК има обврска тоа да го утврди! А оние кои го прекршиле законот вршејќи незаконско влијание при вработување на свои блиски, како и оние кои вработувале заради тоа влијание – треба да понесат #одговорност!

 Фејсбук статус на Рената Десковска, министерка за правда
nepotizamnepotizam2
]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс