Во ракометната Лига на шампиони денеска ќе бидат одиграни три реванш натпревари од осминафиналето.
Најблиску до пласман во четврт-финалната рунда е тимот на Барселона за која настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров. Шпанскиот гигант во денешниот дуел со Алборг ќе започне со предност од седум голови (29:22) остварена на првиот натпревар во Данска.
На другите два натпревара гостинските екипи ќе имаат минимална почетна предност од еден гол, и тоа Висла Плок на гостувањето кај Вестрпрем, како и Целје во дуелот против Фленсбрург.
Македонските претставници во осминафиналната рунда Вардар и Метаург своите реванш натпревари ќе ги играат утре (недела). Шампионот Вардар на гостувањето во Германија против актуелниот европски првак ќе стартува од „нула„ по нерешените скопски 28:28. Металург во Копенхаген, Данска, ќе има почетна предност од шест голови во дуелот против Колдинг, кој во Скопје го победи со 23:17.
Утре на програмата се и дуелите П.С.Ж. – Горење Велење (28:30 прв натпревар) и Кил – Мотор Запорожје (31:28), додека во понеделник ќе играат Рај Некар Ловен – Килце (28:32).
]]>


