Робен останува во Баерн до 2017 година

Фудбалерот на Баерн Арјен Робен денес го продолжи договорот на уште две сезони, што значи останува во баварскиот клуб до 2017 година, соопшти германскиот и европски првак.

– Воодушевен сум што потпишав нов договор и се надевам дека ќе продолжам да освојувам трофеи со Баерн. Не можам да ви опишам колку сме среќни јас и семејството што остануваме во Минхен уште три години. Уживам да играм со оваа екипа и сум подготвен за следните предизвици, изјави Робен.

Холандскиот репрезентативец во Баерн е од 2009 година и со овој клуб има освоено две титули во Бундес лигата, титула во Лигата на шампионите, два национални купа, два Суперкупа на Германија и еднаш УЕФА Суперкупот.

На досега 152 одиграни натпревари има постигнато 86 голови.

Во кариерата настапуваше и за Гронинген, ПСВ, Челзи, и Реал Мадрид.

]]>

Најчитани вести