Родители внимавајте, педофил преку фејсбук прелажал 13 годишен ученик на средба на која го силувал

Со лажен профил на Фејсбук под името Киколо Гико педофил прелажал 13 годишен ученик од Охрид. Го натерал малолетникот да дојде во неговиот дом лично да се запознаат за да му даде на поклон Ајфон телефон. Откако си размениле телефонски броеви се договориле да се видат и се упатиле во неговата куќа најнапред со убави зборови, а потоа со закани го присилил детето орално да го задоволува а по кратко време извршил и полово дејствие .

Портпаролот на СВР Охрид Димоски упати апел до сите родители да посветат повеќе внимание со кого и како комуницираат на Фејсбук и останатите социјални мрежи нивните малолетни деца.

Од охридската полиција велат дека ваквите случаи интензивно се следат, а  ова е засега прв случај на малолетно лице кое комуницирало  со приведениот. Педофилот (25) заработи кривична пријава а од страна на Основниот суд одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести