Родителите ја бараат Маја: Исчезнала откако запознала момче преку интернет

Полицијата од Охрид веќе 13. ден трага по исчезнатата Маја Блажеска од Охрид, а нејзините родители очајно ги молат сите кои имаат било какви информации да им ги соопштат ним или на полицијата. Таа е нивна ќерка единица и има само 14 години.

Семејната голгота започнала пред три недели, кога Маја преку Фејсбук запознала момче од Скопје, по националност Албанец. Откако се заљубила, Маја избегала од дома, но се вратила само неколку дена откако родителите пријавиле во полиција.

– И кон второто пријавување, како и кон првото исчезнување на Маја сериозно и професионално пристапивме кон реализацијата на овој случај. Уште од првиот момент оформивме тим кој што има за задача да ги прибере сите сознанија корисни за настанот. Во координација сме со МВР и натамошните мерки се одвиваат кон побрзо пронаоѓање на исчезнатото девојче, изјавил за „Охриднет“ м-р Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Второто бегство го направила минатиот вторник од тогаш и се губи секаква трага.

-Ги замолувам сите институции полиција, Влада, луѓето кои ме знаат и не ме знаат, медиумите, сторителот на делото ако сака да ја каже вистината и да го најдам девојчето. Оти јас имам едно девојче и тоа ми е сè. Или девојчето да ми се јави дали е жива, вели Ристо Блажески татко на исчезнатата Маја.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести