Деновиве, кога температурите знаат да бидат навистина неподносливи, многу луѓе преку ден ги спуштаат ролетните во становите за барем малку да се разладат. Но, кога ќе прочитате како тоа може да влијае на вашето здравје, ќе размислите за оваа навика.
Имено, студија спроведена на Универзитетот во Орегон покажа дека е многу поздраво да бидат кренати ролетните бидејќи сончевата светлина ги уништува бактериите што се во честичките прашина, а тоа може да го намали ризикот од респираторни проблеми.
Истражувањето беше објавено во стручното списание „Микробиом“, а научниците ги изложија бактериите пронајдени во домашната прашина на три различни ситуации под контролирани услови – темна просторија, просторија со природна светлина и просторија со УВ осветлување.
По 90 дена, тие собрале примероци и ги анализирале и откриле дека постои врска помеѓу изложеноста на светлина и бројот на бактерии во прашината. Бактериите се размножувале многу побрзо (до 12%) во темни простории. Најмалку бактерии имало во просторијата со УВ светлина (6,1%), а потоа во просторијата со дневна светлина – 6,8%.
Освен тоа, бактериите пронајдени во затемнета просторија се поврзуваат и со респираторни проблеми, пренесува jutarnji.hr.


