Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо најави максимално залагање во репрезентативниот дрес за време на Светското првенство во Бразил, но додаде дека не може да гарантира постигнување голови.
– Ќе дадам се од себе Португалија да направи добар резултат. Можам да ветам напорна работа и посветеност, но не и да гарантирам голови, изјави новиот рекордер во португалската репрезентација според вкупниот бројот на погодоци.
При тоа членот на Реал Мадрид за новото достигнување рече дека е статистички податок кој секако дека му годи, но и дека многу не му дава до значење.
– Не ме занимаат рекорди и тие работи доаѓаат како резултат на добра работа, а голема заслуга имаат селекторот и соиграчите, истакна напаѓачот на Португалија.
Кристијано Роналдо за Португалија има одиграно 110 натпревари. Со вчерашните два погодоци против Камерун стигна до бројката 49 и се искачи на првата позиција на листата најефикасни португалски репрезентативци на сите времиња.
Португалија на Светското првенство во Бразил кое ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули е во група заедно со Германија, Гана и САД.
]]>


