На славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка, Георгина Родригез им починало новороденото момче. Парот очекуваше момче и девојче, но за жал при породувањето момчето починало.
Фудбалерот денес ја сподели тажната вест на својот Инстаграм профил:
„Со големо жалење мора да објавиме дека нашето мало момче почина. Ова е најголемата болка која некој родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила, надеж и среќа во овие тешки мигови.
Би сакале да им заблагодариме на докторите и сестрите за нивната нега и поддршка.
Сите сме потресени од загубата и ве молиме за почитување на нашата приватност во овие тешки времиња.
Наше синче ти си наш ангел. Секогаш ќе те сакаме.“
]]>


