Роналдо влезе во историјата на Европското првенство

Фото: АФП

Кристијано Роналдо влезе во историјата на Европското првенство. Со вечерашниот натпревар во главниот град на Унгарија, капитенот на Португалија стана првиот играч што играл на пет европски првенства по ред.

Како тинејџер, тој играл на шампионатот што се играше во неговата татковина во 2004 година. Роналдо исто така играше и во финалето меѓу Португалија и Грција. Славниот фидбалер се вброи и на шампионатите во Австрија и Швајцарија во 2008 година, четири години подоцна во Украина и Полска, а во 2016 година ја освои европската титула на Европското првенство во Франција.

Инаку, Роналдо е и рекордер по бројот на голови (104) и настапи (176) за португалската репрезентација, а доколку постигне гол против Унгарија, тој би можел да биде и најдобар на листата на стрелци на Европскиот шампионат. Во моментов Роналдо го дели првото место со Мишел Платини со по девет постигнати голови.

]]>

Најчитани вести