Росњефт може да преземе дел Ина

Руската компанија Росњефт може да преземе дел од хрватската нафтена компанија Ина која моментално ја држи унгарската МОЛ, пишува Јутарњи лист. Унгарската нафтена компанија МОЛ бара купувач за своите 49,1 отсто сопственост на Ина, но тоа е уште далеку од каква било постапка на длабинско снимање на Ина од страна на потенцијалниот купувач. Во игра може да влезе руската компанија Росњефт, но за сега очигледно е дека се работи за унгарско опипување на теренот, рече за Јутарњи лист висок извор од хрватската влада.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести