Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека има „многу прашања за разговор“ со Ватикан, во пресрет на неговата утрешна аудиенција кај папата Лав Четиринаесетти.
Западни медиуми оценуваат дека ова е обид да се ублажи впечатокот за тензии меѓу Вашингтон и Светата столица поврзани со војната против Иран.
– Ова е посета што ја планиравме одамна. Како што гледате, настаните се развиваат – рече Рубио на брифинг во Белата куќа синоќа.
Тој нагласи дека постојат „многу теми за разговор“ со Ватикан, при што посебно ја издвои верската слобода.
Рубио, кој е католик, истакна дека папата Лав Четиринаесетти е првиот Американец кој станал поглавар на Римокатоличката црква.
Рубио задутре ќе престојува во италијанската престолнина Рим.
МИА


