Руни: Посебно е чувството да се освои Лигата на шампионите

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни кој неодамна за уште пет години го продолжи договорот со кубот од „Олд Трафорд“ изјави дека посакува повторно да го освои трофејот од Лигата на шампионите.

– Неверојатно е чувството да го освоите трофејот во елитното натпреварување. Кога еднаш ќе се искачете на врвот тоа ќе посакате повторно да се случи. Нема шанси да застанете на еднаш. Сакате секоја година да победувате. Тоа важи и за мене и моите соиграчи. Ќе дадеме се од себе да стигнеме до целта, а верувам во поволен резултат на првата пречка кон патот до трофејот во ЛШ, изјави Руни пред вечерашното гостување во Пиреја против Олимпијакос, вечерва од 20 часот и 45 минути.

На првиот денешен дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе играат Зенит – Борусија Дортмунд (почеток 18 часот по средноевропско време).

Првите натпревари од оваа фаза во ЛШ веќе ги одиграа: Манчестер Сити – Барселона 0:2, Баер Леверкузен – ПСЖ 0:4, Милан – Атлетико Мадрид 0:1 и Арсенал – Баерн Минхен 0:2.

За утре се закажани последните две средби: Галатасарај – Челзи и Шалке – Реал Мадрид.

]]>

Најчитани вести