Медиумскиот магнат Руперт Мардок (91) е забележан како ужива на одмор со својата нова партнерка. Поминаа неполни шест месеци откако тој се разведе од четвртата сопруга Џери Хол.
https://www.brif.mk/se-omazhi-za-milijarder-91-i-uzhivashe-vo-mokta-no-dojde-i-loshata-vest-i-uzhiva-i-potoa/
91-годишниот милијардер бил виден како ужива на сонце на Барбадос со Ен-Лесли Смит (66), поранешен полициски капелан и вдовица, пишува Дејли Меил.

Парот, кој се запознал во ноември, вечерал на јавна плажа. Тие останале на карипскиот остров на покана на британскиот милијардер Ентони Бамфорд, претседател на управниот одбор на JCB.
Смит работи како водителка на локално радио, а за американската христијанска радиодифузна мрежа изјавила дека сè добило смисла кога го пронашла Бог.


