Граешница, Кишава, Драгош и Острец се битолски села, некогаш богати, населени, полни со живот, со развиено сточарство и полни фарми.

Во овие села сточарството била приоритетна гранка. Скоро секоја куќа чувала добиток. Се живеело од земјоделското производство и децата се школувале. Денеска на прсти се бројат фамилиите кои сеуште во фармите имаат крави или овци.


Денес испустени, депресивни села со распаднати куќи и разочарани жители особено сточари кои едвај ги одржуваат стадата и фармите.




-Не се исплати да чуваме стока. Концентратот е многу скап, цената на млекото е ниска 15 денари за литар. Наместо да ни дадат земја за да може да произведуваме сопствена храна и така да ни се исплати повеќе, владата не има баталено. Никој ни е дојден да види како живееме- се пожалија сточарите на средбата со поранешната пратеничка Ленче Николовска која заедно со Александар Цуцуловски и Ристо Чулаковски од СДСМ Битола ги посетија жителите на Граешница, Кишава, Драгош и Острец.



-Ваквата состојба не ви е вас судбина, туку резултат на погубната аграрна политика на актуелната власт која не ја интересира земјоделското производство и проблемите на земјоделците. Со редовни субвенции, со зелена нафта, доделување на државна земја под концесија и други мерки за развој на аграрот може значително да ви се смени состојбата на подобро. Тоа го предвидуваме во земјоделската програма на СДСМ-рече Николовска и додаде дека шансата за промени е дадена и дека треба да се искористи за да може земјоделците да живеат достоинсвен живот.



