Руската амбасада предупреди на невидено ниво на русофобија, Османи рече дека ќе има соодветен одговор

И покрај тоа што руските воени трупи влегоа во украинските градови и голем број граѓани бараат и испраќаат пораки за мир, порака на загриженост за високото ниво на русофобија пристигна и од руската амбасада во Скопје.

Таа го преведе и објави твитот на руското МНР, објавено на 5. март.

https://twitter.com/MID_RF/status/1500153028736864261

„Привлекуваме внимание на невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во позадина на специјалната воена операција во Украина. Предупредуваме дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани“, стои во објавата на официјалниот Твитер профил на руската амбасада во Скопје.

https://twitter.com/Russian_Emb_MKD/status/1500230659356479489

Русија ги блокираше социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер за своите граѓани на барање на нивното Обвинителство.

Според руското регулаторно тело за комуникации, Роскомнадзор, Фејсбук е блокиран како одговор на ограничувањата за пристап за руските медиуми на оваа платформа, а потоа беше блокиран и Твитер.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот брифинг рече дека оваа објава на Твитер, е закана за сите земји кои ја поддржаа Украина, вклучувајќи не и нас, и денеска ќе се одлучува како ќе реагира македонското Министерство за надворешни работи, по што дополнително ќе информираат.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести