– Тие ни објавија војна. Што уште чекаме? Ќе треба да спроведеме специјална операција за демилитаризација на НАТО, а тоа можеби нема да биде лесно, истакна Симоњан.
Нејзиниот ководител се согласи дека тоа може да води и кон нуклеарна војна.
– Ако решат да ја поддржат Украина, иако (рускиот министер за надворешни работи) Сергеј Лавров им рече дека тоа може да доведе до трета светска војна, ништо нема да ги спречи. Тие решија да играат на големо… Ова се копилиња без морал… Или ќе загубиме во Украина или ќе почне трета светска војна, нагласи тој.
Симоњан продолжи со својот апокалиптичен тон за можната нуклеарна војна.
– На мој ужас од една страна, а од друга страна, со разбирање дека состојбата е таква каква што е, додаде таа.
Притоа, Соловјов, со доза фанатизам додаде: „Но, ние ќе одиме во рајот. А, нив (противниците) едноставно ќе ги снема.
MИА
]]>


