Само природно: Прв избор на убавица без шминка

Наташа Бересфорд (Наташа, 26) ја освои титулата Мис Лондон 2023 на натпреварот за Мис Англија.

Овој е првиот избор за убавица во светот каде натпреварувачите не смеат да се шминкаат.

Претходните години девојките требаше да испраќаат фотографии на кои се фотографирани без употреба на шминка, оваа година и нивното учество во изборот беше задолжително со природни лица и им било забрането да нанесуваат дури и сјај за усни. Организаторите нагласија дека оваа одлука има за цел „да ги зајакне жените и нивната самодоверба и да промовира поавтентичен изглед на телото“.

Наташа ќе учествува во претстојното финале за Мис Англија.

„Пресреќна сум затоа што ме избраа за Мис на Лондон. Сите девојки кои се натпреваруваа се толку убави така што голема чест е да бидеш избрана. Се надевам дека со мојата титула ќе ги поттикнам младите жени и девојки да се чувствуваат самоуверено и убаво и без шминка“, изјави таа.

Најчитани вести