Кај домашната екипа се истакнаа Тим Данкан со 23 поени и 11 скокови, додека Французите Тони Паркер и Борис Диао постигнаа по 17 односно 16 поени. Кај гостите Кирс Бош со 24 поени беше најпрецизен и на натпреварот.
Висока победа беше постигната и на дуелот на двете екипи од Лос Анџелес каде Клиперси ги совладаа Лејкерси со 48 поени разлика (142:94) што водено е и највисока победа во клупската историја. Најефикасен беше Дарен Колисон со 24 поени, а вкупно осум играчи имаа двоцифрен број поени во победничкиот состав.
На третиот натпревар одигран ноќеска Феникс оствари победа над Оклахома Сити со 128:122. Кај победничката екпа Џералд Грин постигна 41 поен, додека кај поразените Кевин Дјурант и Расел Вестбрук заедно 70 (34 и 36).
Вечерва се играат 11 натпревари: Чикаго – Мемфис, Шарлот – Кливленд, Торонто – Сакраменто, Бостон – Бруклин, Њујорк – Јута, Минесота – Денвер, Њу Орлеанс – Милвоки, Далас – Портланд, Денвер – ЛА Лејкерс, Хјустон – Индијана и Голден Стејт – Атланта.
Пласман Источна конференција: Индијана 46-15 (победи-порази), Мајами 43-16, Торонто 33-26, Чикаго 34-27, Вашингтон 32-29, Бруклин 30-29, Шарлт 28-33, Атланта 26-33,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 46-16, Сан Антонио 45-16, Хјустон 42-19, Портланд 42-19, ЛА Клиперс 43-20, Голден Стејт 38-24, Феникс 36-25, Далас 36-26,… ]]>


