Сан Антонио во серија од 19 победи

Екипата на Сан Антонио ја забележа 19.та победа по ред, откако ноќеска беше совладан Голден Стејт со 111:90.

Тимот на Атланта за кој настапува Перо Антиќ загуби дома од Чикаго со 105:92. Со овој пораз „јастребите“ паднаа на деветтата позиција во Источната конференција, а сега Њујорк е на 8.место (последно кое обезбедува учество во плеј-офот).

Резултати на другите 11 натпревари од НБА лигата одиграни ноќеска: Индијана – Детроит 101:94, Њујорк – Бруклин 110:81, Орландо – Кливленд 98:119, Филаделфија – Шарлот 93:123, Торонто – Хјустон 107:103, Вашингтон – Бостон 118:92, Мајами – Милвоки 96:77, Минесота – Мемфис 102:88, Денвер – Њу Орлеанс 137:107, Феникс – ЛА Клиперс 108:112 и Сакраменто – ЛА Лејкерс 107:102.

Вечерва се играат само два натпревара: Оклахома – Сан Антонио и ЛА Клиперс – Далас.

Пласман Источна конференција: Мајами 52-22 (победи-порази), Индијана 53-23, Торонто 43-32, Чикаго 43-32, Бруклин 40-34, Вашингтон 39-36, Шарлот 37-38, Њујорк 33-43, Атланта 32-42,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 59-16, Оклахома Сити 54-19, ЛА Клиперс 54-22, Хјустон 49-25, Портланд 49-27, Голден Стејт 46-29, Мемфис 44-31, Феникс 44-31, Далас 44-31,.

]]>

Најчитани вести