Санкционирани 158 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои 12 за возење без возачка дозвола и 36 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Како што соопшти МВР, изречени се и шест санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести