На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера, од 13 до 19 часот, во спроведена акциска контрола за брзо возење, биле изречени вкупно 158 мерки (ТЕ-120 и ГВ-38).
– При контролата биле откриени и санкционирани 119 возила, односно возачи (ТЕ-81 и ГВ-38) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Од нив, шест возачи (ТЕ-2 и ГВ-4) пречекориле за повеќе од 70 километри на час, 31 (ТЕ-18 и ГВ-13) за повеќе од 50 километри на час и така натаму. Покрај ова, санкционирани се и 39 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, како и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-3), известуваат од полицијата.
На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност.
– На оние кои пречекориле за над 50 и 70 километри на час, во или надвор од населено место, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година, соопштуваат од МВР.
МИА


