Санкционирани 146 возачи во Скопје, 49 за брзо возење

Во рамки на засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот, вчера, на територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за возење без возачка дозвола.

Како што соопшти МВР, изречени се и три мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 38 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот за посигурни патишта.

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести