Санкционирани 200 возачи поради брзо возење на територијата на цела држава

По спроведена акциска контрола, Министерството за внатрешни работи вчера на територија на цела држава санкционира 200 возачи, поради возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информираат од Министерството од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 116 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести