Санкционирани 30-тина пијани возачи на територија на СВР Штип

На подрачјето на СВР Штип вчера во периодот од 22 до 04 часот е спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол при што санкции се изречени против 31 возач.
– Од извршената контрола било констатирано дека 31 возач управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

МИА

Најчитани вести