Саше до Бонева (ВИДЕО): Ми се заканувате ли сега?

Денешната надзорна расправа, во собраниската комисија за политички систем, донесе многу бурни реакции, како од сведоците, така и од присутните пратеници. Предизвикот беа новинарските слободи, низ два дијаметрално спротивни агли на посматрање.

Мирка Велиновска зборуваше за сплетки и интриги, политички игри и подметнувања, мажи и жени, еднаквост, закон и притвор, нејзиното страдање од поранешната власт, Бранко Црвенковски, Киро Глигоров, Љубе Бошкоски…

Саше Ивановски, револтиран од сведочењето на Латас вчера, и Мирка денес, се обиде да објасни, многу страсно и емотивно, во каков амбиент работи еден новинар кој е критички настроен кон актуелната власт.

Ви пренесуваме дел од работната атмосфера на собраниската комисија.